14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Бошњачки демократски сојуз, Мунир Колашинац

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Бошњачки демократски сојуз, Мунир Колашинац.

На средбата, двајцата соговорници разговараа за актуелните случувања во Република Северна Македонија и ја нагласија потребата од конкретен и конструктивен придонес на сите политички субјекти, како клучен предуслов во остварувањето на европските и евроатлантските перспективи на земјава.

Претседателот на Бошњачки демократки сојуз, Колашинац, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата, посакувајќи му успех во вршењето на должноста.