14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поповски: Трошењата на новиот претседател ќе бидат на увид на јавноста преку алатката за отчетност

Трошењата на новиот претседател ќе бидат на увид на јавноста преку алатката за отчетност, изјави министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

„Тоа значи дека онаа алатка за транспарентност што премиерот, министрите во Владата, заменик-министрите и директорите на јавни претпријатија веќе во неколку извештајни периоди ја користат и ја презентираат пред граѓаните, ќе биде на своевиден начин приспособена во согласност со начинот на кој функционира кабинетот на претседателот и тие трошења ќе ѝ бидат на увид на јавноста. Ова е огромна разлика во споредба со претходниот претседател Иванов, кој воопшто немаше намера да ги презентира трошоците и начинот на работење пред граѓаните. Беше целосно нетранспарентен“, рече Поповски.