24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп потпиша целосно помилување за поранешниот медиумски тајкун

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша целосно помилување за поранешниот медиумски тајкун Конрад Блек, кој во 2017 година беше осуден за измама и опструкција на правдата, поради што помина три години во затвор, соопшти Белата куќа.

Блек (74), кој е британски државјанин роден во Канада, некогаш ја водеше компанијата „Холингер интернешнал“, која поседувала медиуми во Канада, САД, Велика Британија и Израел – „Чикаго Сан тајмс“, „Дејли телеграф“, „Ерусалим пост“, „Нешнел пост од Торонто“.

„Случајот со лордот Блек привлече широка поддршка од многу истакнати поединци, кои одлучно гласаа за неговиот исклучителен карактер“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Блек, исто така познат како Барон Блек од Кросарбур, се откажал од своето канадско државјанство во 2001 година за да добие пристап во Домот на лордови во Британија.

Тој заедно со тројца негови соработници во 2007 година пред сојузниот суд во Чикаго се прогласени за виновни за незаконско привојување милиони долари приход, кој требало да им припадне на акционерите во компанијата „Холингер интернешнал“.