Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи ќе го промовира конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“ на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе го промовира конкурсот на Секретаријатот за европски прашања „Со европско знаење до европската престолнина“ пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Османи пред студентите ќе даде краток осврт на актуелната состојба во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а претставници на Секретаријатот за европски прашања ќе ја презентираат состојбата во процесот на европска интеграција, како и состојбата во искористувањето на ИПА-фондовите.

Со оваа посета вицепремиерот Османи го заокружува циклусот на посети на универзитетите и во наредниот период студентите ќе имаат можност да ги изработат есеите со кои ќе се натпреваруваат. Најдобрите 12 есеи, поточно по 2 од секој универзитет, ќе добијат можност да ја посетат европската престолнина Брисел, преку тридневна студиска посета, каде што ќе имаат можност да ги посетат клучните институции на ЕУ и да се запознаат со начинот на нивната работа.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК