17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тинејџерот што ја тужеше државата бидејќи не сакаше да се вакцинира доби овчи сипаници

Опасното „антиваскерско“ движење сè повеќе се шири во светот носејќи со себе многубројни жртви – луѓе што страдаат од болести што речиси се искоренети благодарение на вакцините.

Меѓу нив е и Џером Кункел, тинејџерот што ја тужеше државата Кентаки, која им забрани на сите невакцинирани ученици да одат на училиште. Неговата „антиваскер“ тужба заврши во сите американски медиуми исто како последниот пресврт во приказната – Џером Кункел заболе од овчи сипаници само затоа што не се вакцинирал против нив.

Џером одби да ја прими вакцината и се повика на сопствените религиозни убедувања, а неговиот татко за WLWT објасни дека син му не сакаат да биде вакциниран бидејќи веруваат дека вакцината се произведува од абортирани фетуси.

Адвокатот на тинејџерот изјави дека Кункел ги преболел овчите сипаници и се вратил на часови со оглед на тоа дека сега стекнал имунитет на таа болест.