12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го стресе утрово југозападниот дел од Јапонија, но засега нема извештаи за жртви и штета.

Јапонската метеоролошка агенција не издаде предупредување за цунами, иако беше кажано дека би можело да дојде до промена на нивото на морето.

Земјотресот се случи во близина на Мијазаки, главен град на истоимената област со 400.000 жители.

Епицентарот бил на длабочина од 23 километри.