7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија и Јапонија не можат да ги надминат разликите во врска со мировниот договор, рече Лавров

Москва и Токио сé уште се соочуваат со „исклучително значајни“ разлики во врска со мировниот договор од Втората светска војна, за кој Јапонија се надева дека ќе стави крај на територијалниот спор меѓу нив, во петокот изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Јапонија бара договор со Русија за да стави крај на спорот околу островите од североисточниот брег што беа заземени од страна на советските трупи во последните денови од Втората светска војна, несогласување кое со децении ги попречува билатералните односи, пишува „Еуроњуз“.