22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Хакери предизвикаа хаос во издавањето гласачки ливчиња за изборите за Европскиот парламент

Хакерски напад врз компјутерските системи на градот Виена предизвика хаос во издавањето гласачки ливчиња за претстојните избори за Европскиот парламент.

Најпрво, илјадници барања проголта новата дигитална апликација на Град Виена, преку која граѓаните може да аплицираат за гласачки ливчиња, а тоа го прават оние што не сакаат да одат на гласачките места, но сакаат да го искористат своето право на глас преку пошта.

Потоа, хакерскиот напад доведе до пад на компјутерскиот систем на Град Виена.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Кристоф Пелцл, изјави дека Градот го пријавил хакерскиот напад кај надлежните институции.

Проблемите најпрвин биле забележани во виенската општина Медлинг, каде што одеднаш се создале долги редови од граѓани пред шалтерите.

Во оваа општина, како и во многу други, системот паднал, па граѓаните морале да бидат вратени во своите домови.

Исто така, срушена била и официјалната интернет-страница на Градот Виена.

Градската администрација соопшти дека нивниот компјутерски систем бил цел на DoS-напад, кој се обидува да го онеспособи серверот.

Спонзорирано: