16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД испратија предупредување до Иран

САД ќе постават морнаричка ударна група и бомбардери на Блискиот Исток како предупредување до Иран и неговите сојузници да не ги напаѓаат американските сили во регионот.

Според американски официјален претставник, носачот на авиони „Абрахам Линколн” беше испратен на задача во придружба на воени бродови и борбени авиони.

Белата куќа рече дека зајакнувањето на силите претставува порака до Иран дека секој напад врз САД и неговите сојузници ќе биде дочекан со „непопустлива сила”.

Поставувањето нови американски сили на Блискиот Исток беше потврдено во неделата од советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон.

Спонзорирано: