17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мал авион се урнал во Британска Колумбија, загинале 3 лица

Еден пилот и двајца патници загинаа откако нивниот мал авион се урнал во близина на градот Смитерс во западната канадска провинција Британска Колумбија во саботата, објави „Глобал њуз”.

Претходно, беше објавено дека едно лице е загинато.

Според весникот, авионот „цесна 182“ се урнал на околу 62 км од Смитерс со четири лица во авионот. Третиот патник бил пренесен во болница.

Канадскиот Одбор за сообраќајна безбедност во моментов утврдува каде летал авионот и која била целта на патувањето. Исто така, треба да се утврдат причините за несреќата.