12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТИЗБОР

Во 800 дена, Трамп изнел повеќе од 10 000 лажни тврдења

Во само 800 дена како претседател на Америка, Доналд Трамп изнесе повеќе од 10 000 „лажни или погрешни тврдења”, објави „Вашингтон пост“.

Пребројувањето со користење на базата на податоци на весникот наречена „Брза проверка” почна по првите сто дена на функција на Трамп. Во тоа време, Трамп давал по пет лажни изјави дневно.

Во изминатите седум месеци овој просек се зголеми на речиси 23 лажни изјави секојдневно на „Твитер“, во говори или на средби со претставници на медиумите.

„За време на неговите митинзи наречени ‘Да ја направиме Америка повторно голема’, Трамп изнесе 22 отсто погрешни коментари пред своите поддржувачи”, се вели во весникот.