23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена жена поврзана со убиството на новинарката во Северна Ирска

Полицијата од Северна Ирска денеска објави дека уапсила 57-годишна жена врз основа на антитерористичкиот акт во врска со убиството на новинарката Лира Мекки.

Апсењето на жената се случи по соопштението на организацијата „Нова ИРА“, во кое признава дека еден од нејзините доброволци ја убил новинарката Меки, која била погодена од огнено оружје додека известувала за немирите во Лондондери.

Властите веруваат дека едно лице пукало за време на хаотичните немири што избија во четвртокот вечерта, но ја имаше поддршката од својата организација.

Лира Меки беше убиена минатата недела кога заталкан куршум ја погоди во главата кога непознати луѓе пукаа и фрлаа „молотови коктели“ на полицајците за време на рутинска контрола во округот Креган во Лондондери.