14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран го одбележа Денот на Армијата прикажувајќи го најновото оружје

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, денеска изјави дека иранските вооружени сили не претставуваат закана за своите соседи и регионот.

Илјадници војници и офицери маршираа денес пред Рохан за време на парадата што се одржа во Техеран по повод Денот на Армијата, додека новите ирански борбени авиони летаа над нив.

На парадата е претставена најновата воена опрема на иранската армија, вклучително и ловци од домашно производство и одбранбени системи од руско производство.

Иран, исто така, покажа ракети, подморници, оклопни возила, радари и рускиот систем за одбрана С-300.

„Сакам да им кажам на земјите во регионот дека вооружените сили на Исламската Република Иран не се против вас и вашите национални интереси. Тие се против освојувачите … Корени на нашите проблеми се ционистичкиот режим (во Израел) и американскиот империјализам “, рече Рохани.

Тој, исто така, рече дека Иран бара „регионална безбедност и стабилност”.