Секогаш во средиштето на збиднувањата...

СЗО: Во Либија загинаа 147 лица, а над 600 се повредени

Најмалку 147 лица загинаа, а околу 614 се повредени за време на надамнешните воени активности во Либија, соопшти денеска Светската здравствена организација.

СЗО на својот профил на „Твитер“ објави и дека испратиле лекарски тимови за да помогнат во болниците во Триполи, пренесе ТАСС.

Во Либија во моментов постојат две влади – меѓународното признатата што ја предводи Фајез ал-Сараџ и владата со седиште на истокот од земјата, која ја предводи Калифа Хафтар.

На почетокот на април Хафтар објави дека почнува воена операција за да го ослободи Триполи и ги повика граѓаните да му се приклучат. Од другата страна, Фајез ал-Сараџ нареди целосна подготвеност на војската за да се заштитат цивилите.

Борбите што ги водат двете страни и понатаму се одвиваат на периферијата на Триполи.