16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија е подготвена да ја прошири воената соработка со Турција за нова пратка „С-400“

Русија е заинтересирана за проширување на воената и техничката соработка со другите земји и е подготвена да ги разгледа плановите за потпишување нови договори за испорачување на системот за ракетна одбрана „С-400“ во Турција, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Русија е отворена, Русија има одредени способности и технолошка компетентност. Русија бара можности за проширување на оваа соработка. Тоа е апсолутно нормална практика“, рече Песков одговарајќи на прашањето дали Москва е подготвена да разговара со Анкара за нов договор за „С-400“.

Претходно, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави за каналот НТВ дека Турција може да потпише уште еден договор со Русија за испорака на ракетниот систем „С-400“ ако САД одбијат да ја снабдат воздушната одбрана на Анкара со својот систем „Патриот“.

Портпаролот на Кремљ истакна дека воено-техничката соработка е многу важна област на соработка и интеракција на Русија со многу земји.

„Спроведувањето на оваа соработка сигнализира посебен степен на развој во билатералните односи, а тоа се однесува и на Турција“, истакна тој.

Спонзорирано: