24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Изгласана реформата за законот за оружје во Нов Зеланд

Сите освен еден пратеник од парламентот во Нов Зеланд гласаа за измени на законот за оружје, нешто помалку од еден месец по нападот на две џамии во Крајстчерч во кои загинаа 50 лица.

Реформите на законот за оружје, кој е усвоен со 119 гласови „за“ и еден „против“, сега мора да го потпише генералниот гувернер за да стане закон.

Дваесет и осумгодишниот Брентон Тарант е обвинет по 50 обвиненија за убиство по терористичкиот напад врз две џамии на 15 март.