24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена жена во Црна Гора под сомнение дека запалила брачна двојка

Црногорската полиција денес ја уапси С.М. под сомневање дека подметнала пожар во Рожаја, град во североисточниот дел на земјата, во кој настрадаа нејзиниот поранешен сопруг и неговата невенчана сопруга.

Сулејман Муриќ (61) и неговата невенчана сопруга С.М. (47) загинаа во пожар во куќата во населбата Бесник, соопшти полицијата.

Поради кривичното дело тешко убиство, беше уапсена С.М. (55), поранешна сопруга на Муриќ.

Полицијата соопшти дека се сомнева оти С.М. влегла во куќата низ прозорецот во бањата и истурила бензин во просторијата во која спиела двојката. Кога избувнал пожарот, таа избегала, но полицијата го запрела автобусот во областа Колашин, со кој таа се упатила кон Подгорица и ја уапсила.

Командирот на локалната служба за заштита, Нурадин Аговиќ, изјави за Радио-телевизија Рожаја дека полицијата била известена за пожарот околу шест часот.

Според него, пожарот ја зафатил дневната соба на куќата, а пожарникарите по пристигнувањето ги нашле јагленисаните тела на жртвите.

По два часа, пожарот е локализиран.