16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Ако кажат ЕК и ЕУ, изборниот закон ќе помине во парламентот

Ако Европската Унија и Европската комисија ни кажат дека изборниот закон мора да помине во парламентот пред да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување бидејќи тоа е напишано во текстот, ќе го проследиме во парламентот и ќе се придржуваме кон препораките на ОБСЕ, без вклучување други елементи, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама во парламентот говорејќи за изборните реформи.

„Законот не е врежан во камен. Доколку постојат аргументи, разбирање и причини за негова ревизија, ние сме отворени за тоа“, изјави Рама.

Во меѓувреме, додаде тој, иницијативата за деполитизација на изборните комисии не може да се примени на локалните избори кои ќе се одржат на 20 јуни бидејќи е потребна нивна целосна реконструкција.

Спонзорирано: