14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Неколкучасовен прекин на сообраќајот на патот Старо Нагоричане – Пелинце

Регионалниот пат Старо Нагоричане – Пелинце денеска во периодот од 9 до 11 часот и 13 до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај поради асфалтирање, информира АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.