15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца мртви во тешки сообраќајки

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на регионалниот пат меѓу гостиварските села Равен и Вруток.

Од СВР Тетово соопштија дека судирот се случил меѓу автомобил „Ауди“ со госиварски регистарски ознаки, што бил управуван од лицето М.З (62) од Гостивар и мотоцикл „кавасаки”, што го управувал З. З. (21).

Во тешката сообраќајка, мотоциклистот од здобиените повреди починал на самото место.

Мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје загина при директен судир со комбе што се случи вчера попладне околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа кај Градско.