17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пијан маж ја разбил вратата во германски воз и барал од машиновозачот да го успори возот

Пијан маж со апарат за гаснење на пожар, во брз воз во Германија ја разбил вратата на кабината на машиновозачот и побарал од него да успори возот.

Германската полиција соопшти дека инцидентот се случил во германски брз воз кој сообраќал од Франкфурт до Париз.

Триесетгодишниот маж од Хајдеберг, чиијшто идентитет полицијата не го соопшти, бил уапсен, а едно од овиненијата за кои се товари е загрозување на сообраќајот.

Полицијата соопшти дека мажот од ѕидот на вагонот го извадил противпожарниот апарат и со него го разбил стаклото на вратата од кабината на машиновозачот, по што на машиновозачот му кажал дека возот мора да успори и оти дошол за да ги спаси патниците.

Во инцидентот никој не бил повреден, а возот бил исклучен од сообраќај недалеку од Франкфурт.

Спонзорирано: