17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Немири на протестите против Еди Рама

Илјадници демонстранти, предводени од опозициската Демократска партија, се собраа пред седиштето на албанскиот премиер, Еди Рама во Тирана барајќи негова оставка.

Во еден момент, демонстрантите ја пробија оградата околу зградата, пришто полицијата употреби солзавец, пренесе „РТС“.

Собирот го обезбедуваа околу 1.200 припадници на полицијата.

Припадниците на опозицијата ја обвинуваат владата на Рама за корупција и врски со организираниот криминал, јави „АП“.

Опозицијата, чиишто пратеници го напуштија парламентот, одбија дијалог со Рама и побараа преодна влада без него, која би ги организирала предвремените избори.

САД и ЕУ ја предупредија опозицијата да не користи или поттикнува насилство и да седне на преговарачката маса.