23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автобуси без функционални сопирачки – Страшни податоци од акциската контрола на МВР

На 14.03.2019 година во времето од 07.00-11.00 часот Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на автобуси и возила кои вршат јавен превоз на патници.

Контролирани се 23 автобуси од кои кај 8 била утврдена техничка неисправност,односно 6 биле со неисправен уред за сопирање и 2 останати уреди. 8 возила се исклучени од сообраќај, упатени на вонреден технички преглед и издадени се прекршочни платни налози.