22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ужас во Македонија – Избодени две момчиња

Двајца избодени е епилогот откако 17 годишно момче од тетовско Вешала ги нападнал двете момчиња кои биле на возраст од 20 и 24 години.

Од полицијата информираат дека тепачката била пријавена вчера околу 16 часот и 40 минути, а според пријавеното во неа учествувале 17-годишник и К.К. (18), двајцата од тетовското село Вешала од една и В.М. (20), И.М. (24) од Тетово, како и А.И.(19) од тетовското село Сараќино од друга страна.

Малолетникот со остар предмет на В.М. и И.М. им нанел убодни рани и побегнал. Двајцата повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Пријавениот 17-годишник бил пронајден, му бил одземен нож и бил лишен од слобода, а К.К. сам се пријавил во Полициската станица-Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Спонзорирано: