20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

СДСМ: Оние институции што се однесуваат на македонската националност и припадност, остануваат македонски

Како што наближуваат претседателските избори, така ВМРО-ДПМНЕ шири се поголеми лаги, во страв и паника од извесниот пораз што ги очекува. Промената на имињата на дел од институциите е согласно договорот од Преспа, односно уставните измени, одговори СДСМ на нападите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека наспроти сите зборувања на премиерот Зоран Заев, сепак, се менуваат имињата на институциите.

„Придавката македонски не се брише, тоа е истата стара лага на ВМРО-ДПМНЕ. Македонски останува за сè она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент.

Идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. Доволно јасно е само да се погледне регистарот на Обединети нации, македонски јазик, македонско итн.

Оние институции кои се однесуваат на македонската националност и припадност остануваат македонски.

На пример МНТ останува Македонски народен театар бидејќи е на македонскиот народ, а има и Турски и Албански театар.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да се обидуваат да внесуваат вознемиреност во јавноста. Граѓаните ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе одберат вистински претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ“, велат од владејачката партија.