25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ужас во Скопје: Автомобил влета во деца, едно се бори за живот

Две деветгодишни деца се хоспитализирани во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје, откако во нив удрил со автомобил 31-годишен скопјанец, соопшти МВР.

Едното дете е во критична состојба, а кај другото се констатирани телесни повреди. Несреќата се случила вчера околу 12.35 часот на улица „Алија Авдовиќ“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот.