Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата сопрела “Мерцедес” кај Гевгелија – Кога го прегледале открие куп кутии и ќеси со тутун

На 28.02.2019 во 11:30 часот на регионален пат 1102 во Гевгелија полициски службеници од Полициска станица Гевгелија запреле патничко возило „Мерцедес“ со гевгелиски регистерски ознаки, сопственост на такси компанија, а управувано од П.Л.(46) од Богданци.

При преглед на возилото биле пронајдени 20 кутии наполнети со тутун и 10 кеси наполнети со тутун, кои се предмет на кривично дело „недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“ по член 60 од Закон за акцизи.

Возачот бил лишен од слобода, а пронајдените предмети и возилото биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: