22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Случајот со 11-годишното силувано девојче кое беше породено со царски рез предизвика реакции во Аргентина

Веста дека докторите извеле царски рез на 11-годишно силувано девојче предизвика остри реакции во однос на законите за абортус во Аргентина, пренесе Би-би-си.

Девојчето останало бремено откако било силувано од 65-годишниот партнер на нејзината баба и побарало да абортира. Но откако нејзиното барање доцнело речиси пет недели, докторите одбиле да ја извршат процедурата за абортус, тврдејќи дека е ризично.

Бебето е живо, но докторите рекле дека шансите да преживее се многу мали.

Девојчето било бремено 23 недели во моментот кога, по неколку одложувања, требала да има абортус. Локалните медиуми пренесуваат дека било јасно дека девојчето сакало да ја прекине бременоста.

Абортусот во Аргентина е легален во случаи на силување или ако здравјето на мајката е во опасност.

Спонзорирано: