15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел тврди дека Иран се обидел да го хакира нивниот противракетен предупредувачки систем

Високи израелски официјални лица во интервју за „Блумберг“ тврдат дека Иран се обидел да го накира израелскиот противракетен предупредувачки систем во 2017 година, пренесува „Спутник“.

Според бригадниот генерал Ноам Шаар, актуелен шеф на Одделот за сајбер-одбрана во Дирекцијата за сајбер-одбрана на израелската армија, израелската армија открила инфилтрација и ја следела сѐ додека не станало очигледно дека нападот бил насочен кон автоматизираниот противракетен систем за алармирање.

„Се справивме со заканата и создадовме нова бариера и нов систем за следење за да бидеме сигурни дека ќе можеме да ги запреме ако се обидат повторно”, изјави тој за „Блумберг“.

Според извештајот, американската компанија за сајбер-безбедност FireEye Inc., која неколку месеци ги следела напаѓачите, го посочи Техеран во јануари, а исто така рече дека Иран можеби стои и зад други напади на Блискиот Исток, Северна Африка, Европа и Северна Америка.

Иранското Министерство за информатички и комуникациски технологии и Министерството за телекомуникации сè уште не ги коментираа обвинувањата. Сепак, и Техеран го обвини Тел Авив за сајбер-напади. Последните настани беа во ноември, кога Иран го обвини Израел за напад врз неговата телекомуникациска инфраструктура.

Пред неколку години, Иран беше нападнат од озлогласениот вирус Stuxnet, кој беше насочен кон неговата нуклеарна програма. Вирусот, иако не и официјално, беше потврдено дека е американско–израелско дело.

Иако израелските медиуми го нарекуваат Иран светски лидер во способностите за сајбер-војување, експертите од САД се значително порезервирани во своите проценки.

Реа Сиерс, поранешен висок функционер во Агенцијата за национална безбедност на САД, вели дека Русија е поуспешна од Иран во офанзивните сајбер-операции и дека и Кина е вешти играч.

„Иранците се желни да станат познати во сајбер-доменот и секако успеаја во тоа. Но иако е сигурно точно дека Израел е клучна сајбер-цел на Иран, тоа е различно од проценката на силата на Иран низ целиот сајбер-домен“, изјави Сиерс.

Коментарите на Сиерс следеа по изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел секојдневно се брани од иранските сајбер-напади.

Обвинувањата на Шар доаѓаат поради зголемените тензии меѓу двете нации, кои веќе доведоа до воздушни напади и гранатирање од страна на Израел на наводните про-ирански сили стационирани во Сирија.