25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вчера само во Скопје се случиле 8 сообраќајни несреќи – 37 возачи возеле над дозволеното

МВР извести дека вчера на подрачјето на Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди. Едната била со тешки телесни повреди, во три имало полесни телесни повреди и четири биле со материјална штета и притоа едно лице добило тешки телесни повреди, а четворица биле повредени.

„Од преземените мерки и активности констатирано е дека 37 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени осум возачи, од кои: тројца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, четворица управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи шест биле нерегистрирани и едно било технички неисправно“, пишува во билтенот на МВР.

Според соопштението, санкционирани се пет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување пешаци, осум поради неправилно престројување, пет поради непоседување пропишана зимска опрема, шест поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и осум возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.

Според извештајот на МВР, санкционирани се двајца пешаци поради тоа што го поминале коловозот надвор од пешачкиот премин и еден пешак поради поминување на коловозот на црвено светло. Вчера се издадени 99 мандатни платни налози и 80 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.