18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Се огласи момчето кое цела ноќ делеше кафе и чај на роднини на повредените во болница: „Вистинските херои се жителите на Ласкарци“

Откако девојка преку фејсбук повика вечерва да бидеме со Кемал СК, кој помага на семејствата на повредените кои спијат пред градската болница 8 Септември, се огласи и Кемал. Тој самоиницијативно отишол пред болница и цела ноќ делел чај и кафе на сите роднини кои биле насобрани пред болницата 8-ми Септември во исчекување на вест за свиоте најмили. Кемал вели дека тој не е вистинскиот херој, туку вистинските херои се жителите на Ласкарци кои излегле веднаш и ги ваделе повредените и загинатите од под автобусот.

-Правите херои се жителите на Ласкарци. Драги мои сограѓани, ви благодарам за поддршката што ми ја давате, сакам да напоменам дека моментално пред болницата се наоѓаат околу 30-тина роднини и пријатели на повредените, така што нема потреба за храна, вода или било што, роднините доаѓаат во смени и се пред болница, а покасно се во ходникот во самата болница поради студеното време – напиша Кемал на фејсбук.