14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата ја осуди распределбата на храна во светот: Некои се гушат во премногу храна

Папата Франциск го осуди нечесниот пристап до храна во светот, нагласувајќи дека проблемот ќе стане катастрофален за човештвото ако наскоро не се реши.

„Неколку луѓе имаат премногу, а многу имаат премалку“, порача 81-годишниот папа, чиј глас е глобално значаен, кога станува збор за проблемот со сиромаштијата и општествената правда.

Папата е во посета на Организацијата на ОН за храна и земјоделство во Рим.

„Многумина немаат храна и се напуштени, додека неколкумина се гушат во вишок храна. Оваа перверзна тенденција кон нееднаквост е катастрофална за иднината на човештвото”, предупредил папата.

Тој нагласил дека забавува намалувањето на екстремната сиромаштија, додека концентрацијата на богатството во рацете на само неколкумина се зголемува.

Во Јужна Америка, континентот каде што е роден папата Франциск, бројот на луѓе во екстремна сиромаштија се зголеми во 2017 година на највисоко ниво во последната деценија, наспроти подобрувањето на социјалната политика, минатиот месец порача уште една агенција на ОН.