8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Критериумите за вработување во институциите се еднакви за сите

Денеска институциите се професионализираат и работат во интерес на граѓаните, реагира Социјалдемократскиот сојуз, по прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека масовното вработување во администрацијата пред избори е ноторен пример за изборна корупција.

„Сите вработувања се согласно планот, потребата и програмата на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа. Мерките на Владата обезбедуваат пред се’ професионални и независни институции. Се враќа достоинството на професиите, се зголемуваат платите, се креира здрава работна средина која ќе овозможи задоволни корисници и граѓани“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести бидејќи не може да се помири со фактот дека Македонија тргнала напред.

Спонзорирано: