17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Следната недела ќе ги соопштам датумот и местото за состанокот со Ким Џонг-ун

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека следната недела ќе ги соопшти датумот и местото на вториот по ред состанок со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун. Средбата е најавена за крајот на февруари.

Како потенцијални места за средбата, агенцијата „Асошиетед прес“ ги посочува Виетнам, Тајланд, Хаваи или повторно Сингапур.

Трамп пред новинарите исто така изјави дека неговата администрација постигнала огромен напредок кога станува збор за Северна Кореја.