16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција забрани носење маски за време на протести

Пратениците во Франција усвоија закон со кој се забранува користењето маски за време на протести.

Според законот, демонстрантите што носат маски или ги прекриваат лицата за време на протестите може да добијат казна од една година затвор и глоба од 15.000 евра.

Собранието исто така усвои закон со кој ѝ дозволува на локалната самоуправа да им забрани учество во протест на оние што претставуваат закана за јавниот мир и ред.

Оние што ќе ги прекршат рестрикциите и ќе учестувуваат во протест и покрај забраната, ќе добијат и до шест месеци затворска казна и глоба од 7.500 евра.

И додека претседателот Емануел Макрон и неговата партија, која го има мнозинството во парламентот, гласаа за поддршка на антихулиганскиот закон, левичарската опозиција ја обвини владата за кршење на граѓанската слобода.

Нацрт-законот беше поддржан од страна на премиерот Едуард Филип, а во него се предлагаат строги казни за активистите, вклучувајќи и затвор, глоби, како и забрана за протестирање. Законот треба да стапи во сила веќе од наредната недела.

Со усвојувањето на новиот закон се очекува владата да го заостри својот став во однос на „жолтите елеци“, кои протестираат низ целата земја.

Спонзорирано: