10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Тајмс“: Го решија спорот за името, но сега имаат спор за мусаката

Тукушто го решија спорот за името, Грција и Македонија влегоа во нов конфликт, овој пат виновен е специјалитетот мусака, пренесе турскиот портал „Хаберлер“.

Според дописникот на „Тајмс“ во Атина, грчкиот народ бил шокиран кога видел дека се служела мусака под знамето на Македонија на саемот за храна во Германија.

Сопственикот на еден грчки ресторан, Анастасис Пајпетис, останал зачуден кога здогледал дека мусаката била изложена во рамките на националните симболи на Македонија.

„Тие мусаката ја промовираат како македонска храна. Не само тоа, туку со неа служат грчки јогурт и кафе како да се нивни производи“, изјави Пајпетис, кој ги алармирал грчките медиуми.

Сопственикот на ресторанот тврди дека традиционалниот рецепт за мусаката е апсолутно грчки.

Спонзорирано: