24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка железничка несреќа во Македонија – воз излета и удри во столб, има повредени

Околу 17.00 часот на делницата Скопје-Велес, пред Железничката станица Велес, товарен воз, управуван од машиновозачот С.М.(23) од Скопје и совозач Р.Б. поради одрон од карпи на железничкиот коловоз, излетал од пругата и локомотивата удрила во метални столбови од контактната мрежа.

Притоа, со повреди се здобиле машиновозачот и совозачот и биле пренесени во болницата во Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес.