24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Сингапур се обелоденија информации за илјадници заболени од ХИВ

Строго доверливи информации за повеќе од 14.000 лица заразени со ХИВ, вклучително и податоци за странски државјани што боледуваат од оваа болест, се обелоденија во Сингапур, објави Би-би-си.

Властите објавија дека овие информациите се обелоденети вчера. На овој начин на јавноста ѝ станаа достапни информациите за 5.400 државјани на Сингапур и 8.000 странски државјани заразени со ХИВ. Податоците што се објавени ги вклучуваат и нивните имиња, адреси и некои информации од медицинскиот картон.

Се смета дека за обелоденувањето на податоците се одговорни 33-годишниот Американец Мики Фарера-Брочез, кој живеел во Сингапур од 2008 година и е заразен со ХИВ, како и неговиот поранешен партнер, лекар од Сингапур.

Хакирањето на податоците се случило само еден месец по крадењето кориснички податоци на 1,5 милион државјани на Сингапур, меѓу кои и податоците на премиерот Ли Сиен Лонг.