Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во источните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 30л/м2.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи.
Во петок и за време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка.
По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.