Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
MeteoCentar Македонија

УХМР со предупредување

Врнежите од снег и дожд кои се со поголем интензитет во југоисточниот дел од Македонија ќе предизвикаат покачување на водостоите кај помалите реки и истекувања кај суводолиците, предупредува УХМР.

Поради тоа, апелира, неопходно е внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, како и низ клисурите и на местата каде се можни одрони и свлечишта.

Според хидролошките станици, и засега има одредени покачувања на водостоите на реките, но тие се со вредности околу просекот.