16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп сака во Конгресот да зборува за состојбата на американската нација

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска, во писмо до Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом, порачал дека со нетрпение очекува да зборува за состојбата на државата пред Конгресот на 29 јануари.

„Би било многу тажно кога говорот за состојбата на нацијата не би се одржал навреме и уште поважно – на вистинското место“, навел Трамп во писмото чија содржина ја објави од Белата куќа, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Ненси Пелоси претходно побара од Трамп да размисли за одложување на својот говор пред Конгресот, а како причина за тоа ги наведе потенцијалните безбедносни проблеми поради делумната блокада на работата на владата.

Претседателот, според Уставот, е должен до Конгресот да поднесе годишен извештај за состојбата во државата, појаснува агенцијата./Makfax

Спонзорирано: