18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
МАКЕДОНИЈА

Мистериозен инцидент: Удрил во автомобил на шумска полиција, па почнал да се заканува и си го запалил возилото

Вработен во шумска полиција во попладневните часови на 21 јануари во СВР Струмица пријавил дека околу 13.30 часот, на место викано Палазлија, во службениот автомобил „дачиа“, кој бил паркиран покрај регионалниот пат Берово-Струмица, удрило возило „мерцедес“ со бугарски регистерски ознаки во кое имало дрва.

Според пријавата „мерцедесот“ бил управуван од жител на селото Старо Балдовци.

Возачот почнал да им се заканува на вработените во шумската полиција и потоа го испрскал неговото возило со бензин и го запалил, по што побегнал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.