14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што ги повика политичарите да ги остават настрана личните интереси за заедно да пронајдат решение за излез од Европската Унија.

„Разочарана сум што лидерот на Лабуристичлата партија досега не одлучил да учествува во тоа, но нашата врата останува отворена“, рекла Меј.

Таа додала дека досега разговарала со прететсвници на Шкотската национална партија, Либерално-демократската и со велшката партија.

Меј ги повика пратениците заедно да продолжат да работат на брегзитот, веднаш кога во парламентот го преживеа гласањето недоверба на владата. Таа нагласила дека е подготвена да работи со секого за да се оствари брегзитот.