22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го третира како терористички чин.

Повредените се пренесени во болницата во Најроби.

Одговорност за нападот на луксузниот хотелски комплекс „DusitD2“ во кениската престолнина презела екстремистичката организација Ал Шабаб.

Како што пренесуваат медиумите, од комплексот сè уште се слушаат истрели, а уплашените цивили бегаат оттаму, пренесе АП. Според оваа агенција, екстремистичката организација, чие седиште е во Сомалија, објавила дека нејзини борци сè уште се наоѓаат внатре во комплексот.

Од комплексот истрчале исплашени жени, а еден маж рекол дека имало многу пукотници и дека се криел сè до моментот кога имал можност да побегне.

Оклопно возило стигнало пред комплексот, како и припадници на кениската полиција и војска. Во нападот запалени се и неколку возила, а очевидци велат дека виделе тела на најмалку две лица.