14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Малолетник од Хрватска осуден на затвор во Австрија, со нож избол соученик

Во австрискиот град Корнеубург деновиве се одвиваше судење кое предизвика реакции во тамошното општество. Во случајот му се суди на 16-годишен Хрват, кој во медиумите е претставен само со иницијал К., кој е обвинет за обид за убиство на една година помлад соученик кого на 2 мај минатата година пред училиштето во виенскиот кварт Вахринг го избол со нож.

Во истиот случај обвинет е и избодениот, кој се товари дека неговиот напаѓач претходно го малтретирал и уценувал, па од него извлекол повеќе стотини евра. К. пред неколку години со својата мајка се доселил од Хрватска во Австрија, а повреденото момче е роден Австриец со египетско потекло.