Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги исмева тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да работи за интересите на Москва.
На прес-конференција Лавров рече дека извештаите на американските медиуми, кои тврдат дека Трамп можеби бил руски агент, го одразуваат драматичниот пад на новинарските стандарди.
По информацијата, која излез е во тамошните медиуми, американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонско интервју за „Фокс њуз“ избегна дикретно да одговори на прашањето дали тој во моментот работи за Русија и дали некогаш работел за таа земја.
Трамп во однос на ова прашање истакна дека тоа е најнавредливото прашање што некогаш му било поставено и дека тој е едниствениот претседател што зазел цврст став кон Русија.