25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битолчанка тешко повредена од удар на автомобил

На битолската улица Столарска, по полноќ на 16 јануари, автомобил „мицубиши“, со битолски регистарски ознаки, удрил во 58-годишна битолчанка која пешачела.

Како што информираат од МВР, возилото го управувал 36-годишен жител на селото Дедебалци, а 58-годишната жена при ударот добила тешки повреди.

Битолчанката била пренесена во Клиничката болница во градот, а увид на местото извршила полициска екипа.