14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шолц: Ова е тажен ден за Европа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Велика Британија би била најголем губитник ако ја напушти Европската Унија без договор. Германскиот вицеканцелар, Олаф Шолц, оцени дека ова е тажен ден за Европа.

Двајцата реагираа кога Долниот дом на британскиот Парламент во вторникот вечерта го отфрли предлогот на премиерката, Тереза Меј, за договорот за брегзит.

„Прва опција е излез без договор. Тие велат: ‘Нема договор’. Тоа е застрашувачки за сите. Најголеми губитници би биле Британците“, изјави Макрон пред новинарите на крајот на седумчасовната дебата со локалните функционери.

Тој очекува дека Британците ќе побараат дополнително време за нови преговори во кои ќе се обидат да постигнат договор, пренесе „Ројтерс“.

Германскиот вицеканцелар Шолц на „Твитер“ напиша дека ова е тажен ден за Европа.

„Ние сме подготвени“, рече тој, и нагласи дека брегзитот е најлошата можност за ЕУ, но пред сè за Велика Британија.

Претседателката на германската Демохристијанската партија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер, на „Твитер“ изрази искрено жалење поради одлуката на британскиот Парламент оценувајќи дека тврдиот брегзит е најлошата опција.

Спонзорирано: