17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација/архива
СВЕТ

Нови апсења во Турција

Турција нареди апсење на 192 лица поради сомневање дека тие се поврзани со мрежата на турскиот имам Фетула Ѓулен, кој живее во егзил во САД. Анкара го обивнува Ѓулен за обидот за државен удар во 2016 година.

Властите во Истанбул и Адана наредија апсење на повеќе од 100 осомничени воени лица минатата недела, пренесе „Ројтерс“.

Во обидот за државен удар на 15 јули 2016 година околу 250 луѓе беа убиени, а Ѓулен и неговата мрежа се обвинети за организирање на државниот удар, што тој го негира.

Оттогаш повеќе од 77.000 лица се притворени и чекаат судење, а 150.000 државни службеници, воен персонал и други лица се суспендирани од работа или отпуштени.