12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 14 пешаци во Скопје

Полицијата вчера казни 14 пешаци во Скопје поради преминување улица надвор од пешачки премин и преминување улица на црвено светло.

Од МВР соопштија дека вчера од сообраќај се исклучени 17 возачи, од кои 15 немале возачка дозвола, а двајца затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се четворица возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување пешаци, еден поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас при управување моторно возило и тројца поради користење мобилен телефон при управување возило.

Во текот на изминатиот ден 59 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.